13.02.2012
Повеќе светски театри ќе гостуваат на „Битола Шекспир Фестивал“
Во периодот од 19.07 – 25.07.2013 година во рамките на фестивалот ќе се одиграат театарските претстави: „Ромео и Јулија“ - заеднички проект на НУ Народен театар - Битола, театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Русија, Македонската опера и балет и фестивалот „Охридско лето“, Бура – Lit Moon Theatre Company California SAD, Хенри VI – прв дел, српско народно позориште, Хенри VI – втор дел Национален Театар Тирана Албанија, Ричард III Национален театар Пекинг Кина, Крал Lir-WILD AND VOGEL театарска компанија со луѓе и кукли, Lajpcig, Germanija, Otelo-Dood Paard – театарска компанија Амстердам, Холандија, Магбет – мини театар Љубљана. Идејата за ваков фестивал од големо значење потекна од директорот на НУ Национален театар Битола и претседателот на управниот одбор, а фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.
Овој фестивал е уште една потврда за големите успеси на Битола во областа на културата, фестивалските програми и културното наследство, за што сведочат и голем број интернационални признанија:
-Максимално ќе го поддржиме овој концепт. Ќе дојдат светски уметници, светски актери, режисери, сценографи, композитори, музичари, новинари. Сето тоа ќе придонесе за афирмација на Битола, на Македонија, на нешто што долго трае и ќе трае вечно – театарот. Сите светски наслови потпишани од големиот генијалец Шекспир во моментот кои што имаат театарска форма ќе се обидеме да ги донесеме во БИТ ФЕСТ. На тој начин и БИТ ФЕСТ го збогатуваме. Овај фестивал е новина, новина која што ќе ја негуваме и максимално ќе го збогатиме неговиот концепт, изјави градоначалникот на Владимир Талески.
Веќе е подготвена и новата веб страна на која ќе можат да се добијат сите податоци за фестивалот како и тековната програма на Народниот театар Битола.
-Нашиот градоначалник е во плејадата на врвни актери македонски кој што ја имал можноста да го игра Шекспировиот Хамлет на сцената, во друштво на големите Ацо Стефановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски...Логото на Битола Шекспир фестивал е спојување на две работи во една: ликот на трагичната маска од Хераклеа од вториот век после нашата ера, во времето на Хадријан, напоменувам трагичната, таа што се смее сеуште не е најдена и во очекување да се пронајде смешната маска, во друштво на две трагични маски го ставивме и Шекспир. Овие две маски кажуваат дека нашата театарска традиција е долга, можеби многу пред неговото појавување, меѓутоа за респект и едните кон другите и обратно, изјави Влаентин Светозарев.
Една од театарските претстави ќе биде поместена за идната година, затоа што според статутот фестивалот е предвидено да трае 7 дена. Промовирајќи го новиот фестивал директорот на Народниот театар ги повика граѓаните да ја проследат театарската претстава „Јане Задрогаз“ која ќе се одигра на 01 март, а средствата собрани од влезниците ќе бидат наменети за реконструкција на опожарениот дом на „Копанки“.