Се подготвува театарски „Битола Шекспир фестивал“
Националната установа Народен театар-Битола ги почна подготовките за првото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“ кој ќе се одржи во градот под Пелистер.
Во изјава за МИА, директорот на НУ Народен театар-Битола Валентин Светозарев истакна дека фестивалот има целосна поддршка од Министерството за култура и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, и првото издание ќе се одржи во јули во рамките на битолското културно лето „БитФест“.
28.01.2012
„ТАРТИФ“ за почеток на новата сезона 2013
Претставата на Молиер ќе ја режира Сашо Миленковски, кој во Битолскиот театар се враќа по 13 години
Битола - „Тартиф“ од Молиер во режија на Сашо Миленковски е претставата со која Битолскиот народен театар ќе ја стартува новата сезона. Премиерата се најавува за март, а музиката ќе ја работи Венко Серафимовски, сценографијата Зоран Николовски, додека костимите Благоја Мицевски. Инаку, Миленковки се враќа на матичната сцена во Битола по 13 години. Режисерот во иронија се заблагодари што повторно добил шанса да режира во Битола.
Битолскиот театар гостува во Њујорк со „Хенри Шести“
- Во Њујорк ќе настапиме во исклучително ексклузивен простор и се надеваме дека ќе предизвикаме голем интерес кај њујоршката публика, како и во Лондон. Но годинава ќе имаме и други гостувања во странство, меѓу кои и престојот во Загреб, каде што на 1 јуни на денот на зачленувањето на Хрватска во ЕУ во Народно казалиште ќе ја изведеме претставата „Травничка хроника“ - најавува Светозарев.
„Хамлетмашина“ нова премиера во Битола
Битолскиот театар се подготвува за најновата премиера и последна за оваа сезона „Хамлетмашина“, која ќе биде изведена на 29 декември на нова, алтернативна сцена. Работена е според текст на Хајнер Милер, а во режија на Андраш Урбан, гостин од Србија. Поради експлицитните сцени и јазикот што се употребува, не се препорачува за помлади посетители од 16 години. „Хамлетмашина“ е со жанр кој досега не бил на сцената на овој театар, велат од БНТ, најавувајќи ја како фестивалска претстава.
Со голем успех, недоживеани овации и долги аплаузи мина теaтaрската претстава „Ромео и Јулија" на својата премиера пред театарската публика во Русија
Актерот Дејан Лилиќ го доби и епитетот најдобар Ромео што го видела руската театарска публика, којашто дури и заплакала од неговиот совршен настап.
Театарскиот ораториум во режија на Дејан Пројковски, ја наполни театарската сцена во Санкт Петербург, кој се смета за еден од најпрестижните центри за театар во Русија. Според информациите од северната руска престолнина се барало место повеќе, а за бројните љубители на театарот во салата се носеле и дополнителни столчиња. Многумина, сепак, немале среќа да го проследат приказот на македонските артисти.
НОВОСТИ
13.02.2012
Повеќе светски театри ќе гостуваат на „Битола Шекспир Фестивал“
Во периодот од 19.07 – 25.07.2013 година во рамките на фестивалот ќе се одиграат театарските претстави: „Ромео и Јулија“ - заеднички проект на НУ Народен театар - Битола, театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Русија, Македонската опера и балет и фестивалот „Охридско лето“, Бура – Lit Moon Theatre Company California SAD, Хенри VI – прв дел, српско народно позориште, Хенри VI – втор дел Национален Театар Тирана Албанија, Ричард III Национален театар Пекинг Кина, Крал Lir-WILD AND VOGEL театарска компанија со луѓе и кукли, Lajpcig, Germanija, Otelo-Dood Paard – театарска компанија Амстердам, Холандија, Магбет – мини театар Љубљана.