Со голем успех, недоживеани овации и долги аплаузи мина теaтaрската претстава „Ромео и Јулија" на својата премиера пред театарската публика во Русија.
Актерот Дејан Лилиќ го доби и епитетот најдобар Ромео што го видела руската театарска публика, којашто дури и заплакала од неговиот совршен настап.
Театарскиот ораториум во режија на Дејан Пројковски, ја наполни театарската сцена во Санкт Петербург, кој се смета за еден од најпрестижните центри за театар во Русија. Според информациите од северната руска престолнина се барало место повеќе, а за бројните љубители на театарот во салата се носеле и дополнителни столчиња. Многумина, сепак, немале среќа да го проследат приказот на македонските артисти.
Најавите за големиот спектакл предизвика огромен интерес пред настапот на руската драмска сцена. За премиерата, со кој годинава стартуваше „Охридско лето", картите биле продадени три дена пред прикажувањето.
Големата уметничка екипа од Македонија задоволна се враќа од Русија. Очекувале со претставата правена според истоименото дело на Шекспир, кое на едно место ги обединува операта, балетот и театарот да поминат добро но се изненадиле што поминале повеќе од одлично.
„Големо е задоволството да се доживеат сите тие овации и позитивни коментари после настапот на еден од врвните театарски центри. Македонските и руските актери совршено се обединија како еден организам кој што спојот на две култури и два јазици додаде и создавање на современ сценски јазик", рече во телефонската изјава режисерот Дејан Пројковски.
Сценографот и директор на Валентин Светозарев вели дека возбудата по премиерната изведба е голема.
„Билетите за претстава беа за рекордно време продадени до последното место. Возбудата кај сите учесници во овој проект е сé уште голема. Се надеваме дека оваа драмска форма со која одлично се прикажеме тука на сцената на театарот „Вера Комисаржевскаја" ќе има свој паралелен живот и ќе успееме да ја видиме и ние во Македонија, на сцените во Битола, Охрид, Скопје но и на други места низ Европа", вели Светозарев.
Директорката на Фестивалот „Охридско лето" и продуцент на овој мултимедијален проект, Елизабета Јанкуловска, вели дека целта е постигната. Направен бил квалитетен проект со кој може да се претставиме и надвор од границите на државата.
„Успеавме да направиме театарски ораториум кој во себе ги содржеше сите сценско музички уметности и театарот и балетот и музиката, кој остана да живее. Овој проект предвидено е да се случува и во Скопје и на други сцени", најави Јанкуловска.
Драмска претстава која се премиерно се прикажа во Русија е дел од големиот мултимедијален настан кој е обединувачки проект на сите уметности, е во продукција на националната установа „Охридско лето", а во изведба на Народниот театар од Битола, Македонската опера и балет, театарот „Вера Комесаржевскаја" од Санкт Петерсбург и Народниот театар од Охрид