ЗА ДЕСЕТ ДЕНА ПОЧНУВА ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА ШЕKСПИР
- sergej568
- Jul 8, 2013
- 1 min read

Седум претстави работени според дела на славниот англиски писател Вилијам Шекспир ќе бидат на програмата на првиот „Битола Шекспир фестивал“ што го организира Народниот театар од Битола.
Битола една недела ќе живее во духот на Шекспировото перо. Театри од Србија, Албанија, САД, Финска, Kина ќе ги претстават своите видувања на Шекспировите вечни теми. - Идејата за фестивалот ја добивме лани кога бевме на фестивалот „Глоуб ту глоуб“ во Лондон со „Хенри Шести“. Првично сакавме да ги донесеме и народните театри од Србија и од Албанија со кои заедно ја направивме трилогијата, но потоа се зафативме со поголем чекор - да направиме фестивал од поголем калибар. Намерно се решивме за големи претстави, со многу актери, за да можеме да привлечеме и меѓународно внимание во наредните години – објаснува Благој Мицевски, уметнички директор на битолскиот театар.
Извор:
http://dnevnik.mk/?ItemID=240A67AC24FBE242958DA82DEB805B96
コメント