Андреј Цветановски и Марјан Ѓоргиевски режираат во Битолскиот театар
- sergej568
- Mar 10, 2015
- 1 min read
Битолскиот театар се подготвуваат нови проекти.Годината во која се одбележаа 70 години постоење на оваа институција , се заокружува со очекуваната бројка од 200 одиграни претстави и 3 големи гостувања во странство.

Во рамките на јубилејот, им се дава можност и простор на режисерите и театарските работници поврзани со Битола, за поставување на театарски проекти.Во тој контекст, периодов се започнува со работа на 2 нови камерни проекти.
Претставата која ја поставува актерот Марјан Ѓоргиевски со наслов Кокошка, е всушност негов театарски труд, со оглед на тоа што ги завршува своите магистерски студии во Скопје, во класата на професор Слободан Унковски. Самиот текст се занимава со група на актери во еден провинциски театар.
За младиот режисер Андреј Цветановски кој и воедно е уметнички директор на театар Комедија во Скопје, честа да се работи во битолски театар е од огромно значење со оглед на тоа што овој театар за него претставува најреномирана театарска куќа во Македонија.
Во оваа претстава се ангажирани млади уметници меѓу кои и битолскиот пејач Димитар Андоновски кој е задолжен за музиката во претставата, како и младата костимографка Марта Дојчиновска.
Идејата за ваквите камерни претстави во битолскиот театар, ќе се развива и понатаму, покрај претставите кои се играат на голема сцена, со цел публиката да се потсети на времето кога во оваа театарска куќа се правеа и по 10 претстави годишно
Commentaires