top of page

ГЕНОЦИД - Љубиша Георгиевски

  • sergej568
  • Mar 14, 2015
  • 2 min read

Пиесата ``Геноцид`` од режисерот Љубиша Георгиевски, која ја напишал пред петнаесет години, со сета своја актуелност и жестокост на темата, задутре премиерно ќе биде изведена на сцената на Битолскиот народен театар, како трета премеира во годинешната реперторска сезона. Пиесата е посветена на децата бегалци од Егејска Македонија, како и на прославениот грчки трагичар Еврипид, кој исто така, во својата епоха морал да побегне од Елада. Ова на денешниот прес во Битола го рече доајенот на македонскиот театар, чија режисерска палка и по пет и пол децении, со силна енергија ги упатува универзалните сценски пораки.

  • Сите генерации сведочиме за различни видови на геноцид. Пиесата е еден вид протест против геноцидот. Вечноста на оваа тема ја гарантира дури и најсувопарното меѓународно право, кое тврди и вели дека злосторот- геноцид никогаш не застарува- рече Љубиша Георгиевски пред битолските новинари.

Играат тројца битолски актери- Габриела Петрушевска, Пепи Мирчевски и Слободан Степановски, кои низ својата актерска игра се соочија со сите креативни предизвици што ги постави нивниот професор.

  • Овој концепт, мене лично ми овозможи преку говорот на телото, кој што милувам да го истражувам на сцената, да се изразам себе си- рече актерката габриела петрушевска.- Јас го играм Агамемнон кој е победник во војната, но е поразен во животот- рече актерот Петар Мирчевски.

За тежината на темата во ``Геноцид``, сама по себе говори посветата на македонските мајки, за кои Георгиевски ќе рече дека секогаш раѓале едно чедо повеќе, отколку што крвниците можеле да погубат.

10259926_796923907039703_3014941792178254221_n.jpg

genocid.jpg

  • Овој концепт, мене лично ми овозможи преку говорот на телото, кој што милувам да го истражувам на сцената, да се изразам себе си- рече актерката габриела петрушевска.- Јас го играм Агамемнон кој е победник во војната, но е поразен во животот- рече актерот Петар Мирчевски.

За тежината на темата во ``Геноцид``, сама по себе говори посветата на македонските мајки, за кои Георгиевски ќе рече дека секогаш раѓале едно чедо повеќе, отколку што крвниците можеле да погубат.

Comentarios

СЛЕДЕТЕ НЕ
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
НАЈНОВИ
АРХИВА

© 2023 by Electric Films. Proudly created with Wix.com

СЛЕДЕТЕ НЕ:
  • Facebook Classic
  • c-youtube
bottom of page