Премиера на Божествена комедија во Битолскиот театар
- sergej568
- May 2, 2014
- 2 min read
Приказна за за раѓањето на љубовта и земјата, ниеден рај не може да ги замени тие чувства.А што ако Адам и Ева, не го пробаа забранетиот плод, ако не се уплашеа од божјиот гнев? Немаше да се родат нивните деца, и децата на нивните деца.Немаше да ги имаме и ние денес.. Ова е дел од најновата претстава во Битолскиот театар со наслов Божествена комедија, која својата премиера ја имаше викендов. Истата е по текст на Исидор Шток а во режија на Александар Исаков. Долгогодишниот соработник на битолскиот театар, гостинот од Русија е главен режисер и уметнички директор на државниот театар на музичка комедија во Санкт Петербург.
Улогите на Адам и Ева ги играат актерите Борче Ѓаковски и Сандра Грибовска , создателот Борис Чоревски а во ликовите на ангелите се појавуваат- Душко Јовановиќ, Филип Мирчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Александар Стефановски. Претставата е четврта постановка на Исаков во Битолскиот театар а втора соработка со доајенот на битолски театар Чоревски. Божествена комедија е претстава за публика од 7 до 77 како што истакна режисерот.Иако насловот во нашата свест е неразделно засекогаш поврзан со името на Данте Алигиери, оваа претстава нема никаква врска со неговото дело. Дружењето после премиера продолжи во бифето на народниот театар, каде се разменуваа мислења за претставата, дружења кои се препознатливи за овој театар и на кои доаѓаат и театарски работници од другите градови. Тука ние поразговаравме со дел од ангелите во претставата.
Сценографијата во претставата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, асистент на режија е Јован Ристовски, музиката на Марјан Неќак, кореографија Јагода Димовска. Следната премиера во битолски театар е закажана за 14- ти март во режија на Љубиша Ѓоргиевски.

Comments