top of page

70 ГОДИНИ НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА

  • sergej568
  • Mar 11, 2015
  • 1 min read

Народниот театар во Битола е институција која претставува врвен домашен и меѓународен репрезент на вредностите на македонската култура. Од 1944 година до денес во Народен театар-Битола се одржале 500 премиерни изведби, а изведени се повеќе од 12.000 претстави кои ги гледале близу пет милиони вљубеници во театарот.

10367156_790263944372366_7932922184827533983_n.jpg

Ова вечерва во Народниот театар во Битола го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата на фотомонографијата „Нови хоризонти“, објавена по повод одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на таа национална театарска установа и изведбата на првата театарска претстава на македонски јазик во Република Македонија. - Денешниот свечен чин има респективна културолошка референца - тој ја маркира 70-годишнината од првата одиграна претстава на македонски јазик во далечната 1944 година, кога доајените на македонското глумиште Јорго Цаца, Вера Вучкова, Мери Бошкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски и многу други, ентузијастички творејќи во театарската група на битолската воена област, најавија амбициозна намера, градот на конзулите да промовира врвен театар, рече Канческа-Милевска. Таа посочи дека е убедена оти сцената на Битолскиот театар и во иднина ќе биде местото каде ќе се создаваат новите успеси на македонскиот театар, местото каде актерите, режисерите, творци и уметници ќе продолжат да ја испишуваат македонската театарска историја. Фотомонографијата „Нови хоризонти“ ја промовираше режисерот Дејан Пројковски, а за големиот јубилеј на театарот во Битола говореа директорот Валентин Светозарев, режисерот Љубиша Ѓоргиевски и битолскиот градоначалник Владимир Талески. На сцената на театарот во Битола во тек е изведбата на роденденската театарска претстава „Нови хоризонти“ во која настапуваат вработените во таа национална установа.



 
 
 

Comments


СЛЕДЕТЕ НЕ
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
НАЈНОВИ
АРХИВА

© 2023 by Electric Films. Proudly created with Wix.com

СЛЕДЕТЕ НЕ:
  • Facebook Classic
  • c-youtube
bottom of page