ОД ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ БАРД
- sergej568
- Jul 18, 2013
- 1 min read

Легендата на македонското глумиште, битолчанецот Ацо Стефановски, е првиот актер кој го отелотворил Хамлет во Македонија, а актерот Огнен Дранговски исто така битолчанец е првиот кој ќе биде дел од дружината на Глоуб театарот од Лондон, театар врзан за името на најголемиот англиски драматург Вилијам Шекспир. Ова е одлична најава и за првиот Битола Шекспир фестивал, во организација на Битолскиот театар.
Шекспир во изведба на Американци, Финци, Кинези...
Публиката за време на фестивалот ќе има можност да ги проследи претставите Хенри Шести"-прв дел во изведба на Белградскиот театар (20 јули, Хераклеја), "Кралот Лир" со актерките од Финска, "Хенри Шести"-втор дел во изведба на театарот од Тирана, додека театарот Лит Мун" од Санта Барбара, (САД) ќе се претстави со Бура". Програмата завршува на 25 јули со Ричард Трети" и актерите од кинескиот Национален театар од Пекинг. На 22 јули со професори од Њујорк ќе се одржи ОТОА-работилница, како и панел дискусија на тема Шекспир денес" на која ќе учествуваат Том Брд, генерален директор на театарот Глоуб", Рандал Мартин- професор од Канада, Рената Сотириади и Вјасчеслав Тресченко од театарот Таганка" - Москва и Џон Блондел, директор на театарот Лит Мун".
Извор:
http://vecer.mk/kultura/bitola-so-prv-hamlet-akter-vo-gloub-i-prv-shekspirov-festival
Comentarios