„БИТОЛА ШЕКСПИРФЕСТИВАЛ“ СТАРТУВАШЕ СО „Ромео и Јулија“
- sergej568
- Jul 21, 2013
- 1 min read

Битола Шекспир фестивал стартуваше со „Ромео и Јулија“
Фестивалот во Битола во моментов е единствен од таков вид во Македонија и во земјите на Југоисточна Европа
Новиот, интернационален”Битола Шекспир фестивал” 2013, синоќа на своето прво издание ја привлече публиката во битолскиот Народен театар. Таа ја исполни салата и со овации ја поздрави изведбата на првата претстава на фестивалската програма, “Ромео и Јулија” на режисерот Дејан Пројковски.
Ова познато дело во изведба на актерите од театрите “Вера Комирсажевскаја” од Ст. Петербург, Русија и од Народниот театар – Битола на едно место успешно ги спои руските и македонските погледи на Шекспировиот свет и беше добар избор за старт на фестивалот на кој до 25 јули ќе бидат одиграни уште 5 претстави од Србија, САД, Финска и Кина.
Извор:
http://www.bitfest.mk/utrinski-vesnik-foto-bitola-shekspir-festival-startuvashe-so-romeo-i-julija/
Comments