АКТЕРКА КОЈА ВООДУШЕВУВА СО СВОЈА ВЕРЗИЈА НА КРАЛОТ ЛИР Нина Салинен: Им завидувам на битолчани!
- sergej568
- Jul 22, 2013
- 1 min read
"Овдека во Битола ми се допаѓа начинот на кој луѓето се раздвижени. Интересно е што главната улица е секогаш полна со луѓе кои шетаат", вели актерката од Финска која чека нови ангажмани во Лос Анџелес каде во моментот живее.

Енергична и виртуозна во својата изведба, актерката со финско потекло Нина Салинен завчеравечер со својата адаптација и изведба на Кралот Лир во рамките на Битола Шекспир фестивал ја воодушеви, или поточно речено насмеа и длабоко замисли публиката во Битолскиот народен театар. Еден сосема нов начин на презентација на неверојатно мрачната комедија Кралот Лир во вид на монодрама, предизвика огромен интерес кај публиката која бараше столче повеќе.
Извор:
http://vecer.mk/kultura/nina-salinen-im-zaviduvam-na-bitolchani
コメント