КРАЛОТ ЛИР ГИ УРИВА СТЕРЕОТИПИТЕ ЗА МУЗЕЈСКИ ШЕКСПИР
- sergej568
- Jul 22, 2013
- 1 min read
Во претставата „Кутриот, кутриот Лир“ на „Битола Шекспир фестивал“ актерката Салинен ја спореди својата сопствена драма со драмата на кралот Лир.
Во Финска кога сакав да ја развијам идејата за оваа претстава бев всушност бремена, мислев дека во исто време не може да се биде добар уметник и родител, дека треба да се одбере, или да си добар родител, просечен уметник или да си лош родител, па да си голем уметник. Ова прашање се' уште стои во претставата и не сум сигурна дали некој може да ги прави и двете.

Публиката оваа вечер имаше можност да види едно малку поинакво видување на Шекспир, каде што актерката Салинен својата сопствена драма како актерка решила да ја спореди со она на кралот Лир. Таа како 40-годишна жена се претвора во 90- годишен старец.
Театарската претстава „Кутриот, кутриот Лир“ на актерката Нина Салинен и пистелката - режисер Катја Крон од Финска, завчеравечер беше изведена на малата сцена на битолскиот Народен театар во рамки на „Битола Шекспир фестивал“.
Извор: http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=FFD9E1AD7F66DA4497CF009447DFF15C
Commentaires