ИНТЕРВЈУ- ВО СРБИЈА „ХЕНРИ ШЕСТИ“ СЕ ГЛЕДА НИЗ МОМЕНТАЛНАТА ПОЛИТИЧКА СИТУАЦИЈА
- sergej568
- Jul 23, 2013
- 1 min read

„Живееме едни покрај други, а ништо не знаеме едни за други. Шекспир и уметноста се тука за да не “поврзат“, вели српскиот актер Хаџи Ненад Мариќиќ
Шекспир во сите свои дела, дали говори за Ромео и Јулија или за власта на Хенри Шести, тој зборува за некои вечни теми кои отсекогаш постојат кај луѓето, како на пример, гревот. Многу е јасно кога се во прашање делата на Шекспир дека тие се вонвременски, дека може да се играат во секое време на секој јазик.
На крајот на процесот ми се чини дека дојдов до почетните претпоставки дека Шекспир ги правел нештата за Елизабета, за народот и Елизабета да видат дека Хенри Шести ја симболизира Елизабета.
Како си поминувате во Битола?
Овде се случи многу убаво искуство, многу убаво пријателство што сигурно ќе отвори можност за понатамошна соработка. Многу ми е важно на мене и на моите колеги дека разменивме искуства со луѓе кои се на неколку стотици километри оддалечени од нас. Малку да се запознаеме, да слушнеме како живееме. Бидејќи живееме едни покрај други, а ништо не знаеме едни за други. Шекспир и уметноста се тука за да не поврзат. Фала му на Господ што е така.
Извор: http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=B791D81990EC144FBB689B85A61F810B
Comentários