ГИА ФОРАКИС, РЕЖИСЕРКА Театарот е духовна храна, но мора да внимавате што јадете
- sergej568
- Jul 30, 2013
- 1 min read

Театарот е мојата судбина и моето лудило и токму поради тоа секогаш забележувам кога врската со публиката не е воспоставена. Добриот театар храни. Но мора да бидете многу внимателни што јадете, вели американската режисерка и актерка Гиа Форакис.
Младите актери од Скопје беа многу храбри и посветени на она што го правевме. Тоа беше нешто сосема ново за нив. Во процесот тие учеа едни од други, што беше исклучително возбудливо. Сеедно дали актерите беа Американци или Македонци, средовечни или млади, во тој краток период имаше фантастични проблесоци.
Гиа Форакис е театарска уметница, позната по својот специфичен режисерски пристап. Таа е и директорка на театарот „Гиа Форакис компани“ од Њујорк, каде што до перфекција ја доведува прецизноста на актерскиот израз преку техниката ОТОА (една мисла - едно дејство). Движечка сила во театарот ѝ е, како што вели, потрагата по магичните моменти кога текстот се трансформира во визуелна магија. Форакис беше гостинка и на неодамнешниот „Битола Шекспир фестивал“, каде што одржа работилница.
Извор:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73013947521&id=16&prilog=0&setIzdanie=22941
Комментарии