top of page

СОВРЕМЕНИОТ ТЕАТАР НА ГРАНИЦА ПОМЕЃУ РАЗЛИЧНИ УМЕТНОСТИ

  • sergej568
  • Jul 24, 2014
  • 2 min read

Режисерот Марек Вазикел од Полска на „Битола Шекспир фестивал“ одржа презентација преку филм во два дела за тоа на кој се начин може да се третира делото на Шекспир

„Битола Шекспир фестивал“, како минатата година и оваа се обидува да понуди различни аспекти од третирањето на делото на Вилијам Шекспир, што се може да се направи почнувајќи од големи национални компании, преку монодрами до крајни екстреми. Годинава гостин е Марек Вазикел од Полска, режисер кој има свој куклен театар, а доаѓа од земја со две академии за куклен театар и голема традиција на тоа поле.

Тој денеска во Битола одржа презентација преку филм во два дела. Беа прикажани повеќе претстави направени на тема Шекспир или елементи и објекти што се користат во сенки, различни работи преку кои еден актер може да го направи ликот. Во првиот дел од филмот беа прикажани само претстави правени во куклени и други театри на Вилијам Шекспир во Полска, а вториот дел се однесуваше пошироко за Европа. Гостите видоа презентација на „Сон на летната ноќ“, „Хамлет“, од еден актер со кукли во вода, снимка на „Капулети и Монтеки“, претстава која што е заснована на делото на Шекспир „Ромео и Јулија“ беше прикажана без текст, само актери и кукли направени во Полска, како и претстави кои се направени пошироко во Европа во вториот дел.

„Сметам дека Фестивалот на публиката, како и на присутните студенти по глума и режија од Академијата за драмски уметности и од академијата „ЕСРА“ од Скопје ќе им отвори нови можности, што се може да се направи со Шекспир, дури и во куклениот театар.Тие имаа можност да видат каде е куклениот театар во моментот во светот и мислам дека тоа ќе им понуди некоја нова идеја за презентација на неговите дела“, рече уметничкиот директор на Народниот театар од Битола, Благој Мицевски.

Извор:

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=75C33A8A7E2F58479B0BC0710EE10B18

 
 
 

Comments


СЛЕДЕТЕ НЕ
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
НАЈНОВИ
АРХИВА

© 2023 by Electric Films. Proudly created with Wix.com

СЛЕДЕТЕ НЕ:
  • Facebook Classic
  • c-youtube
bottom of page